Опис

Лена е куче кое имала тежок живот на улица. Денови поминати во болка, страв, глад и студ. Има шуга, оштетено крзно и поглед полн со безнадежност. Откако е во стационарот доби третман, храна, топло место и љубов. Полека заздравува, крзното и се обновува а очињаата повторно и светат. Денес веќе се чувствува подобро.

Сега бара дом, место каде ќе биде сакана, заштитена и никогаш повеќе оставена.

Вдомувањето е најубавиот дел од нејзината а и наша приказна!

Вдоми куче, спаси живот!

Раса

Микс

Пол

женски

Боја

Кафено со бело

Дали има пасош?

Да

Статус на вакцинација

Вакцинирано

Дали е прочистено од паразити?

Да

Дали е чипирано?

Да