Опис

Маја е куче кое имаше тежок почеток. Кога беше заловена, беше исплашена и несигурна, од страв знаеше да реагира со мала агресија. Никој не знае низ што поминала, но очигледно не бил милостив кон неа. Со време, грижа и трпение во стационарот, почна да се смирува. Научи дека не сите луѓе се опасност - дека постојат и раце кои гушкаат, не само повредуваат. Денес е многу подобра, попријателско расположена, полека им верува на луѓето и сака внимание.

Сега и треба вистински човек, некој со трпение, некој кој ќе и покаже свет без страв и болка.

Раса

Микс

Пол

женски

Боја

Крем со бело и сиво

Дали има пасош?

Да

Статус на вакцинација

Вакцинирано

Дали е прочистено од паразити?

Да

Дали е чипирано?

Да